Кина реагира за војната во Украина, бара прекин на огнот и преговори
Кина ги повикува сите страни во конфликтот во Украина да покажат воздржаност и да вложат напори за преговори и прекин на огнот, изјави постојаниот претставник на Кина во Обединетите нации Џанг Јун на состанокот на Советот за безбедност во петокот. Џанг рече дека Кина го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нагласи дека мора да се почитуваат принципите на Повелбата на ОН.
Мора сериозно да се разгледаат сите легитимни безбедносни грижи на сите страни и да се поддржат сите напори за мирно решение, заклучи Чанг.
Русија стави вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН иницирана од САД и Албанија, со која се осудуваат референдумите во самопрогласената Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск, регионите Керсон и Запорожје за пристапување кон Русија. Бразил, Габон, Индија и Кина беа воздржани, пренесе ТАС С.