Свет

Зеленски: Бев задоволен што ги слушнав зборовите на Бајден дека нашата армија го инспирира целиот свет

Претседателот Володимир Зеленски денеска разговараше со претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден.

„Разговарав со американскиот претседател Џо Бајден. Разговаравме за дополнителни санкции, за ситуацијата на бојното поле и за важноста да се зачува извозот на земјоделски производи по морски пат. Ги координиравме напорите пред заедничките меѓународни настани“, рече Зеленски.

Тој нагласи дека меѓународната заедница треба да даде заеднички решителен одговор на дрските обиди за анексија на украински територии.

Шефот на државата се заблагодари и на американскиот претседател и на целиот американски народ за постојаната одбрана и финансиска поддршка.

„Бев задоволен што ги слушнав зборовите на претседателот Бајден дека нашата армија го инспирира целиот свет, нашиот народ го инспирира целиот свет. И ова е вистина: нашата победа во оваа војна ќе покаже колку Украина може да даде на глобалната моќ на слободата, глобалната моќта на демократијата“, рече Зеленски.

Како што е соопштено, на 4 октомври, владата на Соединетите Американски Држави најави доделување на уште еден пакет воена помош за Украина во износ од 625 милиони долари.

На почеток