Додон: „ЕУ ќе престане да постои“
Од
Објавено на
Поранешниот претседател на Молдавија, Игор Додон, смета дека републиката треба да се откаже од својата проевропска надворешна политика, бидејќи Европската унија ќе престане да постои.
„Не верувам во европските интеграции и не верувам дека Молдавија ќе стане дел од ЕУ, бидејќи самата Европска унија по одредено време нема да постои, бидејќи партнерите се обидуваат економски да ја завршат… ЕУ може повеќе да не постои во оваа форма, нешто треба да се промени“, смета Додон.
Според политичарот, на Молдавија и треба стратешко партнерство со Русија, Кина, Романија, Унгарија и Турција.
„Мораме да бидеме пријатели со сите, врз основа на нашите интереси“, додаде Додон на ТВ каналот „Прв во Молдавија“.