Зеленски: Ослободени се три населби во Керсон
Од
Објавено на
Украинските сили ослободија уште три населби во јужниот дел на регионот Керсон, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во редовно видео обраќање.
Зеленски рече дека се ослободени Нововоскресенски, Новохрихоривка и Петропавливка, населби лоцирани североисточно од градот Керсон, пренесува Ројтерс.
Западните експерти постојано истакнуваат дека Херсонската област е клучот за одредување на натамошниот тек на војната во Украина, која засега оди во правец на пораз на Русија.