Пикап падна во провалија: 17 мртви во Гватемала
Од
Објавено на
Седумнаесет лица загинаа, а 13 се повредени денеска во Гватемала кога пикап што се движел по планински пат паднал во провалија.
Несреќата се случила на 200 километри источно од главниот град на Гватемала, недалеку од границата со Хондурас.
Жртвите се сиромашни жители на едно село кои отишле во општинската канцеларија за да соберат пари доделени од Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP).
Според достапните информации, возачот запрел пикап на стрмен дел од патот во кој веќе имало триесетина лица за да земе повеќе патници, а возилото паднало на околу стотина метри во провалија.