Магазин

Кристијан Бејл: „Актерите добиваат улоги кои Ди Каприо ги одбива“

Актерот Кристијан Бејл, најпознат по улогите во „American Psycho“ и трилогијата за Бетмен, во интервју за GQ истакна дека својата голема кариера му ја должи на Леонардо ди Каприо.

Како што рече, кариерата ја изградил на улоги кои Ди Каприо ги одбивал, бидејќи режисерите редовно оделе прво кај него, а дури потоа кај други актери.

“Не сум само јас. Видете, така е денес, и така е веќе некое време. Секоја улога што ја добива еден актер е улога што Ди Каприо претходно ја одбил. Нема врска со тоа колку си добар со режисер, секоја улога што ја играв прво нему му беше понудена“, изјави Бејл и потоа додаде:

„Има голем број луѓе кои ми го кажаа тоа. Затоа, ти благодарам, Лео. Тој буквално може да избере што ќе прави. И добро за него, тој е феноменален. Благодарен сум што добивам каква било улога, знам дека не можам да глумам како него. Не би можел ни да живеам со славата со која живее, а тој тоа го прави на одличен начин“.

На почеток