Магазин

Кралот Чарлс Трети на прво официјално патување по смртта на Елизабета Втора

Кралот Чарлс Трети беше на прво официјално патување по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.

Тој го посети градот Данфермлајн во Шкотска со сопругата Камила, прв заеднички јавен ангажман на новиот крал и неговата сопруга по завршувањето на периодот на кралска жалост.

Кралската двојка пристигна во посета за официјално да му додели статус на град на Данфермлајн, родното место на Чарлс Први, кој владеел во 17 век, пренесе „Би-би-си“.

Чарлс и Камила присуствуваа на официјален состанок на Советот на градот, каде што кралот официјално го одбележа доделувањето на новиот статус и одржа краток говор во кој ја спомна својата мајка.

Данфермлајн беше меѓу осумте градови кои добија статус на град како дел од прославата на платинестиот јубилеј претходно оваа година, по повод 70-годишнината на Елизабета на тронот.

Во оваа прилика Чарлс мина време со граѓаните, а ја поздрави и шкотската министерка Никола Старџен и другите челници.

На почеток