Македонија

Повторно пролонгирана седницата за уставните измени

Од Собранието испратија известување до медиумите дека наместо во 13.00 часот како што беше закажана, седницата за уставни измени ќе почне со два часа задоцнување, или во 15.00 часот.

Седницата, како што се дознава неофицијално, е одложена поради средбите на премиерот Зоран Заев со осумтемина независни пратеници од ВМРО – ДПМНЕ и со пратениците на Беса.

На дневен ред на пленарната седница се предлог-амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и предлог-уставниот закон за прогласување на амандманите, што претствува трета и последна фаза од процесот на уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток