Македонија

ФОТО: Министерот Филипче ја вакцинираше својата внука

Министерот за здравство Венко Филипче објави на Фејсбук дека ја вакцинираше внуката Илина, во обид да ја охрабри македонската јавност, а особено скептиците и заговорниците против имунизацијата.

„Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов. Утрово, во амбулантата Млин Балкан ја вакциниравме мојата внука Илина. Вакцините се безбедни, ефикасни и нѐ заштитуваат од разни болести“, напиша Филипче на својот профил на Фејсбук.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток