Малолетник од Битола избегал и украл клуч од автомобил, па банкарска картичка
На 08.10.2022 во 10.50 часот од подрачјето на Центар од полициски службеници од Полициската станица Центар бил лишен од слобода малолетник од Битола, кој претходно бил пријавен дека се оддалечил од Јавна установа за згрижување на деца, а поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ во хотел на подрачјето на Центар.
Имено, тој најпрво одзел клуч од патничко возило „мерцедес“ и се обидел да го стартува, но бил спречен, а потоа одзел паричник со платежна картичка, па на плоштадот „Филип Втори“ бил физички нападнат од едно лице. Полициски службеници од Полициската станица Центар по добиената пријава излегле на местото и го затекнале малолетникот, а по укажаната лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, со него бил извршен службен разговор во полициска станица. Известен бил Јавен обвинител, адвокат и социјален работник од Центарот за згрижување во Визбегово, а паричникот бил пронајден и вратен на сопственикот. Малолетникот бил предаден во Центарот за згрижување и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.