Свет

(ВИДЕО) Експлозија во зграда во Истанбул

Експлозијата се случила на третиот кат од трикатна станбена зграда во Истанбул, јавуваат турските медиуми.

На местото на настанот пристигна гувернерот на градот Али Јерликаја. Според него, во експлозијата загинале три лица.

Како резултат на експлозијата, избувнал пожар во зграда лоцирана во областа Кадикој. На местото на настанот се повикани голем број противпожарни единици и возила на брза помош.

Пожарот е ставен под контрола по интервенција на пожарникарите.

Едно повредено лице е извлечено од зградата и пренесено во болница.

Според првичните информации, причина за експлозијата е истекување на плин во станот лоциран на третиот кат од зградата, но официјалната причина за експлозијата не е соопштена,пренесе Блиц.рс.

На почеток