Запорожје под нов напад, загинаа над десет лица
Десетици луѓе загинаа и се повредени во гранатирањето на југоисточниот украински град Запорожје, соопшти синоќа Генералштабот на украинските вооружени сили.
„Руските окупатори цинично ги нападнаа станбените згради и цивилната инфраструктура во текот на ноќта“, објави Централната воена команда на својата Фејсбук страница, додавајќи дека има повеќе убиени и повредени.
Претходно, вршителот на должноста градоначалник на Запорожје, Анатолиј Куртев, извести дека во ноќниот напад на градот биле убиени седумнаесет лица.
Според првичните податоци, уништени се пет куќи, а 50 се оштетени, рече Куртев.
Градот се наоѓа на 125 километри од најголемата европска нуклеарна централа под руска контрола. Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на објектот со кој управува Украина, кој оштети згради и се заканува со нуклеарна катастрофа.