Свет

(ВИДЕО) Ова е моментот на првиот удар во Киев

При вклучувањето во програмата на дописникот на Би-Би-Си од Киев, рано утринава е снимен моментот на нападот на Киев.

Имено, украинската престолнина, која беше релативно „мирна“ од почетокот на војната, беше нападната рано утринава. Според првите информации, во центарот на Киев се слушнале три силни експлозии, а веста прв ја соопштил градоначалникот на тој град Виталиј Кличко.

Првиот напад беше снимен дури и на камера, при вклучувањето на дописникот на Би-Би-Си од Киев кој се приклучи на утринската програма. Но, при известувањето се слушнал звук на ракета, а потоа следел ударот.

Запрепастениот дописник веднаш го напушти кадарот.

На почеток