Актуелно

Пентагон го демантираше Бајден: Неговите коментари не беа засновани на нови разузнавачки информации

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби изјави дека предупредувањето на американскиот претседател за потенцијален нуклеарен армагедон не се заснова на нови информации.

Да потсетиме, американскиот претседател Џо Бајден минатата недела изјави дека „не сме имале ваква ситуација од времето на Кенеди и кубанската криза“.

„Путин не се шегува кога вели дека размислува да користи тактичко нуклеарно оружје за да компензира за неуспехот на неговата војска. Нема шанси тоа да се случи без да резултира со уништување на светот“.

Сепак, Кирби сега го демантираше својот претседател за ABC News:

„Неговите коментари не беа засновани на нови разузнавачки информации или индиции дека г-дин Путин одлучил да употреби нуклеарно оружје. Искрено, немаме информации дека донел таква одлука. Не видовме ништо што би нè натерало да ја преиспитаме нашата сопствена нуклеарна положба.

На почеток