Актуелно

Пријавил дека бил натепан, а бил приведен оти агресивно се однесувал кон полицајците

24-годишник од Скопје пријавил дека бил физички нападнат од неколку лица.

Имено, случајот е пријавен вчера, 11.10.2022 во 17.22 часот во Полициска станица Бит Пазар, информираат од МВР. 24-годишникот пријавил дека во физичкиот напад од неколку лица, едно од нив употребило остар предмет.

Но, подоцна, околу 22.40 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле 24-годишникот, затоа што агресивно се однесувал и упатувал навреди кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, соопштија од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На почеток