Свет

Полскиот министер за европски прашања поднесе оставка

Полскиот министер за европски прашања Конрад Шимански поднесе оставка поради кревките односи меѓу владата во Варшава и Европската унија и внатрешните тензии, пренесува АП.

Шимански им рече на новинарите дека обидите за решавање на главните несогласувања на Полска со ЕУ се соочија со различни пречки, како во Полска, така и во Брисел.

„Убеден сум дека мојот наследник ќе го има истото искуство, професионализам и посветеност и дека ќе продолжи да води политика во согласност со интересите на Полска во Европската унија“, рече Шимански.

Шимански, кој ја извршуваше функцијата министер за европски прашања од 2019 година, рече дека иако „владите се менуваат, Полска е една земја“ и додаде дека политичките промени не треба да влијаат на нејзините интереси и позиција во Европа.

Заминувањето на Конрад Шимански беше протолкувано како слабеење на тимот на премиерот Матеуш Моравјецки, кој се обидува да ги смири тензиите во владата, предизвикани од енергетската криза и зголемените трошоци за живот, наведува Асошиетед прес.

Претседателот Анджеј Дуда и официјално ја прифати оставката на Шимански.

На почеток