Свет

Се запали автобус, најмалку 17 лица загинаа во пожар во Пакистан

Најмалку 17 лица загинаа во јужен Пакистан кога се запали автобус, соопштија властите.

Инцидентот се случил на автопатот М-9 кој го поврзува пристаништето Карачи со градовите Хајдерабад и Џамшоро во провинцијата Синд, пренесува Ројтерс.

„Досега во несреќата загинаа 17 патници, 10 се повредени и префрлени во болници“, изјави службеникот за новинарите.

Во автобусот патувале околу 35 луѓе.

Се уште не е јасно што го предизвикало пожарот, но од полицијата велат дека е очигледно дека пожарот избувнал од задниот дел на автобусот.

Во август 20 лица загинаа во тешка несреќа на автопат во јужниот дел на Пенџаб во Мултан кога се судри со танкер, пренесува Ројтерс.

На почеток