Свет

Страшна бура во Пакистан: Најмалку 63 загинати

Поплавите создадоа целосна апокалипса: десетици војници исчезнаа во невремето во Индија

Најмалку 63 лица загинаа во невремето што трае веќе четири дена во Пакистан.

Во последните 24 часа загинаа 14 лица. Повеќето од жртвите се во провинцијата Хајбер Пахтунхва, северозападно од Пакистан, каде се оштетени 1.370 куќи.

Десетици луѓе беа повредени. Во Балучистан е прогласена вонредна состојба поради поројните поплави.

Силен дожд паѓа и во хималајската област Кашмир.

Пакистан очекува уште обилни дождови во април поради климатските промени, изјави метеорологот Захир Ахмед Бабар.

„Досега, Балуџистан имаше 256 отсто повеќе од нормалните врнежи“, изјави Бабар за Асошиетед прес.

Пред две години, 1.739 луѓе загинаа во поплавите што потопија третина од Пакистан. Поплавите тогаш предизвикаа штета од 30 милијарди долари.

Обилни дождови овој месец паднаа и во соседен Авганистан, каде досега загинаа 33 лица.

На почеток