Свет

Нападнат Киев, силно гранатиран Николаев, продолжуваат вооружените конфликти во Украина

Русија рано утринава ги нападна населбите околу Киев, објави регионалната администрација на апликацијата Телеграм.

„Спасувачите се веќе на терен“, рекоа оттаму, без да дадат повеќе детали.

Градоначалникот на Николаев, Олександар Сенкевич, изјави дека во текот на ноќта руските сили силно го гранатирале Николаев. Тој изјавил дека удриле во петкатна станбена зграда, пренесува „The Kyiv Independent“.

Спасувачите се на терен, но засега нема информации за жртви. Сенкевич вели дека повеќе ќе се знае претпладне.

Украинската армија соопшти дека на југот на Украина се уништени пет воени магацини на руската армија.

Исто така, како што пишува украинската армија, загинале 36 руски војници, а уништени се еден тенк, две оклопни возила, четири хеликоптери и два танкери. Ова се однесува, нагласува Украина, на вчерашните настани на југот на земјата.

На почеток