Актуелно

„Нема гаранции дека Европа ќе ја преживее зимата“, вели директорот на Гаспром

Шефот на Гаспром, Алексеј Милер, во средата изјави дека „нема гаранции“ дека Европа ќе ја преживее претстојната зима со постојните резерви на гас.

Милер побара и гаранции за понатамошната работа на гасоводот Северен тек.

„Европската унија и Германија мора да дадат јасен политички одговор дека се заинтересирани и дека сакаат да ги обноват тие врски и да дадат гаранции“, рече тој.

Тој додаде дека втората цевка Северен тек 2 исто така била оштетена во неодамнешниот инцидент кога беа оштетени руски гасоводи, „но дефинитивно нема истекување на гас“.

To Top