Австриски град ја исклучува топлата вода за децата во училиштата, родителите загрижени
За да ја постигне целта за заштеда на енергија од 11 отсто, австрискиот град Салцбург се одлучи на контроверзна мерка.
Според весникот „Салцбургер нахрихтен“, топлата вода ќе биде „исклучена“ во јавните установи, што значи и во градските училишта и градинките.
Исклучок се само противпожарните станици, мензите, училиштата за деца со пречки во развојот, соблекувалните во градинките и тушевите во спортските сали.
Фактот дека децата во градинките и училиштата следната зима треба да ги мијат рацете со ладна вода, не и претставува никаков проблем на градската секретарка Мартина Бертолд.
„Кога ги миете рацете со сапун и ладна вода, го добивате истиот резултат. Може да се прилагодат соодветни средства за одржување на хигиената“, нагласи таа.
Таа рече дека студената вода од чешмите не била „ледена планинска река“, туку на нормална температура од чешмата, објасни Бертолд.
Од друга страна, родителите се загрижени и велат дека не е во ред децата да ги мијат рацете со ладна вода.
„Ќе има ладни раце и наскоро повеќе нема да ги мие рацете“, вели родител на едно од децата, пренесува весникот.
Проблемот е што хигиеничарите во градинките и училиштата можат да користат само ладна вода, па се стравува дека ќе користат повеќе хемикалии.
До средината на октомври можно е да се стави вето на одлуката на градските власти, а доколку нема вето, таа ќе стапи на сила.