(ВИДЕО) „Се слушаа“ штурци кога на министерката за култура и поставија прашање во кои нови проекти инвестирала
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на дешната прес-конференија не знаеше да изводи ниту еден крупен капитален проект во областа на културата. Таа на прашањето во кои и во колку капитални инвестиции во областа на културата во изминатиов период како министерство имаат вложено напомена само реконструкција и доградба на веќе постоечки објекти.
„Во Прилеп заврши проектната постапка за доградба на Центарот за култура каде ќе биде сместен театарот во Прилеп. Исто така во националната библиотека работиме на санација на кров, таму мислам дека градежните работи се во доста напредна фаза. Во музеј на современа уметност исто така работиме на санација на кров. Овие денови ќе биде распишан повикот за за нов проект за реконструкција на Кино Партизан во Битола и рекнструкција на дел од салата во Центарот за култура. Така да во однос на капиталните инвестиции имаме доста солидна реализација со оглед на тоа дека имавме проблем со зголемување на цени“, изјави Стојчевска.
На прашањето во кои нови објекти било инвестирано министерката изјави дека во моментот не може да се сети.
„Јас во моментов точно не можам да се сетам бидејќи најчесто се фокусираме на реконструкција на оние објекти кои што веќе ги имаме од областа на култура. Бидејќи сметаме дека и тековното одржување е доста важно. Располагаме со многу објекти на кои им треба постојана грижа, но се грижиме и за оние објекти кои се рачунаат дека се многу нови, како например една зграда на МНТ која претрпе катастрофални последици од невремето пред еден месец. Уште раобтиме на санирање на тие штети на тие нови згради“, додаде министерката.
На ова се надоврза и портпаролката која изјави дека тоа се тешки проекти, за кои се потребни повеќе години за изградба.
„Во Тетово се гради библиотеката со театар, турскиот театар продолжи да се гради“, додаде таа.