Украина: Ослободивме над 600 населби од руската окупација

Од
Објавено на

Вооружените сили на Украина во изминатиот месец ослободија повеќе од 600 населби од руската окупација, вклучително и 75 во стратешки важната област Керсон, соопшти украинското Министерство за реинтеграција на привремено окупираните територии, пишува Гардијан.
Околу 502 населби се ослободени во североисточниот регион Харков, каде што украинските сили напредуваа длабоко во руските линии минатиот месец, соопшти Министерството. Наведено е дека се ослободени 43 населби во Доњецката и седум во Луганската област, пренесува британскиот весник.
