Силен земјотрес во Русија

Од
Објавено на

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа Иркутск во Русија, недалеку од Бајкалското Езеро.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,9 степени.
Земјотресот се случил на 33 километри западно од селото Посолскоје.
Земјотресот бил почувствуван и во блискиот регион Бурјатија и главниот град на тој регион Улан-Уде.
Кабинетот на градоначалникот на Улан Уде извести дека мобилните тимови почнале да ги проверуваат зградите и станбените објекти, но дека засега нема извештаи за штети или повредени.
