Македонија

Административците пуштени на најјако, Бектеши обзнани колку струја заштедиле

Министерот за економија, Крешник Бектеши објави колку електрична енергија заштедиле административците.

„Според податоците за потрошувачка во септември 2022 споредено со истиот месец лани државните институции оствариле вкупно заштеда на електрична енергија од 18%.
Мерките за заштеда на електрична енергија кои ги донесе Министерството за Економија, а се задолжителни за државните институции ги даваат резултатите“, вели Бектеши.

На почеток