Македонија

(ФОТО) Татко му на Маричиќ го „нарани“ новинарот со *овна, откако го поцрвене син му

На вчерашната прес-конференција новинар му постави прашање на Бојан Маричиќ да открие шето јаделе и пиеле откако е дојден во Секретаријатот за европски прашања и побара да му бидат доставени сметките кои вицепремиерот ги вети во три пати во три наврати.

„На вашето прво барање целосно беше одговорено инаку немаше да имате материјал за серијал за пишување на таа тема. Во однос на трошоците во СЕП прво го упативте барањето на погрешна адреса, по што ви беше укажано. По укажувањата на институциите за споделување на потребните информации добивте покана да дојдете во СЕП и да извршите увид во сметките и во се што ве интересира. Вие тоа го одбивте и сега во наредна фаза ќе ви ги доставиме сите информации кои што ви се потребни, но треба јавноста да знае дека имавте можност да добиете увид во сите документи и дека вие тоа го одбивте“, одговори Маричиќ.

Под објавеното видео коментираше таткото на Бојан Маричиќ, Момир Маричиќ.

Тој на новинарот му порача „једи *вна ти што прашуваш“.

To Top