Свет

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Мауна Лоа на Хаваите, најголемиот активен вулкан на планетата.

Луѓето почувствувале благ потрес, објави АП.

Градоначалникот на округот Хаваи, Мич Рот изјави дека нема извештаи за повредени или материјална штета.

Најмалку осум последователни потреси следеа по земјотресот во резерватот Кау Форест во близина на југоисточниот град Пахала на островот, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Во овој момент, нема знаци дека Мауна Лоа ќе избувне.

Научниците од хавајската опсерваторија за вулкани внимателно го следат вулканот за можни промени.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами соопшти дека нема закана од цунами за Хаваите.

На почеток