Јужнокорејската армија ја започна годишната одбранбена воена вежба „Хогук“


Јужнокорејската армија денеска ја започна годишната одбранбена воена вежба „Хогук“.
Вежбата е дизајнирана да го зајакне капацитетот на Сеул да одговори на нуклеарните и ракетните закани на Пјонгјанг, објави Ројтерс.
Вежбите ќе траат до сабота и се најголеми во серијата јужнокорејски воени вежби во последните недели, вклучително и заеднички активности со САД и Јапонија.
Најновите вежби дојдоа откако Северна Кореја ги организираше можеби најголемите вежби за оваа година, истрелувајќи балистички ракети со краток дострел и отворајќи артилериски оган во близина на границата со Јужна Кореја во петокот.
Јужнокорејските трупи заедно со американските сили ќе бидат фокусирани на одржување на готовноста и зајакнување на оперативната способност за време на вежбата „Хогук“, соопшти Генералштабот од Сеул.
„Нашите сили ќе имаат целодневни маневри, симулирајќи како да се спротивстават на севернокорејските нуклеарни, ракетни и други закани“, се додава.
