Русија: „Продолжувањето на договорот за црноморското жито, ќе зависи и од тоа дали ќе се олеснат условите за рускиот извоз“
Продолжувањето на договорот за црноморското жито ќе зависи и од тоа дали Западот ќе ги олесни условите за рускиот извоз на земјоделски производи и ѓубрива.
Ова го изјави рускиот заменик министер за одбрана Александар Фомин на заменик-генералниот секретар на ОН Мартин Грифитс, се вели во соопштението за печатот од Министерството за одбрана на Русија.
Руски функционер на состанокот во Москва рече дека продолжувањето на тој документ, со кој се отвори украинскиот земјоделски извоз од нејзините јужни пристаништа, „директно зависи од обезбедувањето на целосно спроведување на сите претходно постигнати договори“, пренесува Ројтерс.
Москва истакнува дека влијанието на западните санкции врз логистиката, плаќањата, превозот и осигурувањето ја спречува да извезува ѓубрива и хемикалии.
Руската страна наведува дека тоа главно се однесува на амонијакот.
Фомин додава дека олеснувањето на тие ограничувања е клучен дел од договорот, кој беше постигнат со посредство на Турција и Обединетите нации во јули.