Охрид

Пецаков: Стартуваше првата фаза за асфалтирање на улица „Будва“

Извршив увид на градежните активности за асфалтирање на улица „Будва“, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

„Денеска стартуваше првата фаза и се асфалтираше еден крак во должина од 250 метри. Активностите за асфалтирање на улица „Будва“ продолжуваат и во наредните денови. Претходно екипи на ЈП „Нискоградба“ на оваа улица работеа на поставување на нова атмосферска канализација.

Вредноста на проектот изнесува 7 000 000 денари, средства од буџетот на Општина Охрид.

Ги посетив и подготвителните работи за асфалтирање на улицата „Прилепска“. На овој дел крај реката Сушица се уредува и речното корито. Дополнително ќе се постави нова атмосферска канализација, ќе се изградат нови тротоари, а сите кабли ќе бидат поставени под земја по што ќе следува асфалтирање на улицата.

Исто така извршив увид и во Лескоец каде се работи на поставување на нова водоводна линија која е во должина од 600 метри. Со завршувањето на оваа активност домакинствата кои живеат на оваа улица ќе бидат приклучени на новата линија“, додава тој.

На почеток