Uncategorized

Еве го условот од Беса, поради кој „запнаа“ преговорите помеѓу Беса и Заев

Каде запнаа прговорите помеѓу премиерот Зоран Заев и Беса? Виси двотретинското мнозинство кое треба да ги изгласа уставните измени. За Беса спорен Предлог амандманот кој се однесува на државјанството, а тие се категорични дека доколку не им се исполни и оваа желба, нема да ги дадат своите гласови во собранието.

Став 3 од амандманот кој го бара Беса гласи:

-За граѓаните од Албанската етничка припадност, во прописите и другите акти на државните органи државјанството на македонски јазик ќе гласи “македонско/граѓани на Република Северна Македонија” на албански јазик ќе гласи “eMaqedonisë/qytetar i Republikës së Maqedonisë Veriore” и на англиски “macedonian/citizen of Republic od North Macedonia”.

Според ова буквален превод: Не е македонско државјанство туку државјанин на Македонија.

Од Беса се категорични дека доколку не се прифати нивниот предлог нема да гласаат на утрешната собраниска седница.

Неофицијално на Заев му недостигна уште еден глас за 2/3 мнозинство

To Top
Close