Американскиот амбасадор во Србија: „Би ги предупредил Србите, ова не е нивната „мајка Русија“
Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил рече дека разбира оти Србија има долга и тешка историја на санкции и дека САД го разбираат тоа.
Но, додаде Хил, Србија сепак треба добро да погледне каде стојат нејзините национални интереси и тој е убеден дека порано или подоцна ќе видат дека се на Запад.
Би ги предупредил Србите да разберат дека ова не е нивната „мајка Русија“, ние си имаме работа со многу поинаква Русија“, изјави американскиот амбасадор во синоќешното интервју за Српската радио-телевизија.
Хил рече дека знае дека е тешко и дека Србија со децении има добри односи со Русија, но дека ова е многу поинаква Русија, Русија која брутално ги напаѓа соседите и дека Србија треба да даде изјава. Тој рече дека ставот на Србија не го става во контекст на последиците, туку дека вели дека ова не е стара Русија, онаа од деведесетите, се работи за сосема нова ситуација и Русија која се однесува незаконски и Русија, која мнозинството од светот ја осудува, посочувајќи дека ова прашање за Србија.
„Ако ја погледнете Европа, многу малку земји, ми се чини дека само Белорусија и Србија не воведоа санкции кон Русија. Прашањето е дали Србија сака да остане во тоа општество. Многу земји воведоа санкции и тоа ги чини. Прашањето е дали санкциите можат да влијаат на однесувањето на Русија, но сепак ги донесоа затоа што разбираат дека треба да бидат обединети и да се спротивстават на она што го прави Русија“, рече Хил.
Тој рече дека не мисли дека некој и се заканува на Србија по ова прашање, туку дека смета дека другите земји бараат од Србија да се изјасни.
„Дали ќе седнете на оградата меѓу доброто и злото, има ли место за вашиот национален интерес. Луѓето поставуваат тешки прашања“, рече тој, додавајќи дека прави разлика помеѓу поставување тешки прашања и закани за Србија. Хил рече дека нема многу такви земји во Европа кои престанаа да ја осудуваат Русија, но се приклучија на санкциите и дека Србија „мора да работи на тоа“.
Зборувајќи за можната помош на САД во случај Србија да биде засегната доколку воведе санкции кон Русија, американскиот амбасадор рече дека неговата земја работи на тоа Србија да има различни добавувачи на енергија и ќе продолжи да го прави тоа, како и дека тоа е во интерес на двете страни.
„Сакаме да работиме на тоа со Србија, американските компании се многу заинтересирани Србија да најде дополнителни снабдувачи на енергија, за да не живее под вид на уцена што доаѓа од Русија“, рече Хил.