Македонија

За Силјановска терминот „шпицен градоначалник“ е многу глупав: „Градоначалничката може да биде шпицна на себе“

Терминот „шпицен градоначалник“ е многу глупав, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.

Таа го искоментира терминот кој скопската градоначалничка Данела Арсовска го употреби претходно, за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Градоначалничката може да биде шпицна на себе. Тоа за мене е некоја лузија, глупо поглупо, најглупо. Тоа ништо не значи. Човек пред да употреби нешто, треба добро да размисли“, рече Силјановска-Давкова.

На почеток