Коментари

„Ликувањето во стотици коментари за бруталното претепување на Боки во затворот Идризово е пораз за нашето општество“

Граѓанската активистка Ирена Цветковиќ ги осуди навредливите коментари за Бојан Јовановски-Боки 13. Таа смета дека тие се пораз за општеството.

„Исмевањето и ликувањето во стотици коментари за бруталното претепување на Боки во затворот Идризово е пораз за нашето општество и слика за токсичноста и злобата која никогаш освен во последнава декада не била одлика на мојот народ. Се срамам од садизмот кој го гледам насекаде околу мене, се плашам од злобата со која сум опкружена и тагувам за отворените срца, добрината и љубезноста која ја изгубивме“, пишува Ирена Цветковиќ.

На почеток