Магазин

Откриена причината за смртта на Роби Колтрејн, познат по улогата на Хагрид во Хари Потер

Актерот Роби Колтрејн, најпознат по улогата на Хагрид во филмовите за Хари Потер, почина на 72-годишна возраст, а сега е откриена причината за неговата смрт.

Како што пишува Deadline, Колтрејн починал поради откажување на повеќе органи, а во извештајот се вели дека имал и сепса, инфекција на долниот респираторен тракт и срцев удар.

Исто така, му била дијагностициран и дијабетес тип 2.

Да потсетиме дека веста за неговата смрт ги потресе луѓето ширум светот, а од него се простија бројни колеги и пријатели, меѓу кои и Даниел Редклиф.

„Роби беше еден од најзабавните луѓе што сум ги сретнал и постојано нѐ насмеа како деца на снимање“, напиша Редклиф.

Не е само Хагрид од „Хари Потер“ – сите улоги по кои ќе го паметиме познатиот Роби Колтрејн

Ниту Руперт Грин, кој го играше Рон во филмовите за Хари Потер, не ја криеше тагата поради смртта на неговиот постар колега.

„Срцето ми се скрши кога слушнав дека Роби го нема. Никогаш нема да го заборавам неговиот мирис на пури и лепак за брада – прекрасна комбинација“, напиша тој и додаде дека никој друг не можел да го игра Хагрид освен Роби. Исто како што беше Хагрид во книгите и филмовите, така и Роби беше во животот – топол, сочувствителен и смешен. Човек со големо срце кој сè уште се грижи за нас дури и децении подоцна. Се гледаме од другата страна Бобсер“, додаде тој.

На почеток