Мицкоски: 129 години ВМРО, борба за Македонија која трае, честит празник Македонијо
Од
Објавено на
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
„Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, подоцна ВМРО, која е константа на борбата на македонскиот народ за слобода и независност на Македонија.
Ако во една реченица треба да се опише таа херојска епопеја на подеми и падови, неспорно е да се каже дека денес славиме 129 години ВМРО, борба за Македонија која трае!
Честит празник Македонијо“, вели тој.