(Видео) Мицкоски директно до Османи: Човекот кој го распродаваше македонскиот идентитет има најмал кредибилитет да зборува!


Премиерот Христијан Мицкоски упати директна порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети и потпретседателот Бујар Османи, по заканите дека ќе има политичка криза ако се укине Законот за употребата на јазиците од страна на Уставниот суд. Ахмети и Османи се заканија дека во ваков случај нема да има ниту локални избори.
„Човекот кој го распродаваше мојот македонски идентитет и мојот македонски јазик има најмал кредибилитет да зборува, затоа што тој ако мене не ме почитува, не го почитува ниту својот мајчин албански јазик“, му порача Мицкоски.
Рече дека ДУИ беше пример за двојни стандарди, корупција и криминал.
„Таму владее паника и страв, се гледа од коментарите на челниците на од ДУИ, а за што станува збор, многу скоро ќе биде сведок и јавноста“, додаде Мицкоски.
