Свет

Самоубиствен напад во хотел во Сомалија, има загинати

Девет лица загинаа, а 47 се ранети во напад на хотел во Кисмајо, јужна Сомалија, за кој одговорноста ја презеде исламистичката група Ал Шабаб.

Овој пристанишен град е последниот погоден во неодамнешниот бран напади на групата поврзана со Ал Каеда, чија цел главно беше главниот град Могадишу и централна Сомалија.

Еден од напаѓачите упатил автомобил полн со експлозив на влезот во хотелот „Тавакал“. По седумчасовна опсада, безбедносните сили убиле уште тројца напаѓачи.

Меѓу жртвите има ученици кои излегувале од блиското училиште, рече министерот за безбедност на Џубаланд, Јусуф Хусеин Осман. Сите четворица напаѓачи, вклучувајќи го и бомбашот самоубиец, се убиени, додаде тој.

Првиот детонираше, а тројцата беа убиени од безбедносните сили“, изјави министерот за безбедност.

Полицаецот Абдулахи Исмаил вели дека целта не била владина зграда.

Одговорноста за нападот ја презеде Ал Шабаб, велејќи дека членовите на федералната влада на Џубаланд, каде што се наоѓа градот Кисмајо, во тој момент се состанувале во хотелот.

На почеток