Свет

„ЕУ се лизга кон криза, но Унгарија ќе ја зачува стабилноста“, вели Орбан

Унгарската влада ќе ја зачува економската стабилност следната година и ќе ги задржи ограничувањата на растот на цените на енергијата за домаќинствата, иако ЕУ се лизга кон економска криза.

Ова вчера го изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

На денот кога земјата ја одбележува годишнината од бунтот против советската власт во 1956 година, Орбан рече дека следната година ќе има повеќе предизвици, објави Ројтерс.

„Војна на исток и економска криза на запад“, им рече Орбан на приврзаниците во Залаегершег, кој се наоѓа на околу 200 километри западно од Будимпешта, додавајќи дека има финансиска криза и економски пад во ЕУ.

Тој посочи дека Унгарците во 1956 година научиле дека единството е неопходно во тешки времиња.

„Ќе ја зачуваме економската стабилност, секој ќе има работа. Можеме да ги браниме границите на сметките за енергија, а семејствата нема да бидат оставени сами на себе“, посочи Орбан.

На почеток