Германскиот претседател во ненадејна посета на Украина
Од
Објавено на
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска пристигна во ненадејна посета на Украина, јавува „Ројтерс“ повикувајќи се на германската телевизија НТВ.
Тоа е прва посета на Штајнмаер на Украина од 24 февруари, кога започна конфликтот меѓу Русија и Украина.
Штајнмаер треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, според НТВ.