„Чим Арсовска рекла ќе има вода, треба да полниме бурињата“, аларм за Скопје

Од
Објавено на

Јорданка Ивановска Јоци ја искоментира изјавата на Арсовска во која вели дека Скопје нема да остане без вода.
„Чим #Арсовска вака рекла – треба да полниме бурињата и да се подготвиме за тешка зима.
Сè досега што изјави, излезе обратно. Рече бесплатен превоз и нови бусови- нема ништо од тоа. Тапа џонсон!
Вети светло на улиците, црн мрак е паднат.
Луна паркови и Универзална закопани се за навек у правливи фиоки, не ги ни споменува.
Едноставно, ни се случува елементарна непогода од епски размери.
И, не! Не и` текнува да си оди сама!
Можеби треба некој да ја потсети колку е часот…
Ја ако кажам, ќе ми се лути“, вели Јоци.
