Украина: Запорожје без струја, избувна пожар


На инфраструктурните објекти во градот Запорожје, кој е под контрола на Украина, им беше прекинато снабдувањето со електрична енергија, а во текот на ноќта избувна пожар, соопшти денеска секретарот на градскиот совет, Анатолиј Куртев.
„Имаме пријави за пожар. Снабдувањето со електрична енергија на инфраструктурните објекти е прекинато“, напиша тој на својот канал Телеграм, пренесува ТАСС.
Двата инцидента се случија во текот на ноќните часови кога важеше предупредување за воздушна закана.
Киев изгуби контрола над 72-73 отсто од територијата на регионот Запорожје, но градот Запорожје, каде живее речиси половина од населението во регионот, сè уште е под контрола на Украина, јавува руската новинска агенција ТАСС.
