Свет

(ФОТО) Експлозија и пожар во рафинерија во Тајван

Експлозија во државната рафинерија Далин во Тајван предизвика голем пожар, кој во меѓувреме е изгаснат, објавија денеска официјални лица.

Додаваат дека во инцидентот нема повредени, пренесува Ројтерс.

Пожарот избувна вчера во 22:35 часот по локално време во округот Ксијаоганг, а противпожарните екипи рано утринава соопштија дека пожарот е изгаснат.

Очевидци потврдија дека пожарот може да се забележи од неколку километри оддалеченост. Експлозијата се случила за време на рутинско одржување во фабриката, соопштија властите.

На почеток