Актуелно

Истрагата започна: Брод под руско знаме го истражува Северен тек

Брод под руско знаме, изнајмен од Норд стрим АГ, оператор на гасоводот Северен тек 1, за прв пат спроведува истрага во областа на Балтичкото Море.

Во тој дел е оштетен гасоводот, соопшти денеска шведската морнарица.

„Во моментов го делиме истиот простор и комуницираме едни со други. Тој конзорциум пред извесно време изјави дека сака да спроведе истрага на местото на експлозијата“, изјави за Ројтерс портпаролот на шведската морнарица, додавајќи дека за спроведување на „подводно снимање, не е потребна никаква дозвола“.

Шведските и данските истражни власти заклучија дека четири истекувања на гас од „Северен тек“ биле предизвикани од експлозии минатиот месец, но не кажаа кој би можел да биде одговорен. Светските лидери се согласуваат дека ова е чин на саботажа.

Шведското обвинителство и полиција ја завршија истрагата на местото на настанот претходно овој месец, а морнарицата на нордиската земја во средата соопшти дека ќе спроведе сопствена истрага.

Норд стрим АГ, кој е во мнозинска сопственост на руски Газпром, не одговори веднаш на барањето за коментар.

Шведска ги отфрли барањата на Москва руската страна да учествува во нивната истрага или да сподели какви било наоди пред таа да биде завршена.

Гаспром, кој исто така е сопственик на гасоводот Северен тек 2, исто така најави дека планира да спроведе сопствена истрага, но подоцна, изјави портпаролот на шведската морнарица.

На почеток