Зеленски: Лошите резултати на фронтот значат дека на Москва ќе и требаат повеќе луѓе
Од
Објавено на
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази сомнеж во најавата на Русија дека нејзината делумна мобилизација е завршена.
Тој нагласи дека „лошите резултати на руските сили на фронтот значат дека на Москва ќе и требаат повеќе луѓе“.
„Многу наскоро, на Русија може да и треба нов бран луѓе што ќе ги испрати во војна“, рече Зеленски во видео-обраќање, пренесува Ројтерс.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вчера по средбата со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека се завршени активностите поврзани со делумната мобилизација на 300.000 граѓани во Русија.