Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Народот кажа дека не прифаќа промена на името и тоа секој политичар треба да го почитува

Зоран Заев оди спротивно на волјата на народот која беше јасно изразена на 30 септември. Народот јасно кажа дека не прифаќа промена на името и тоа секој политичар треба да го почитува, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев се што прави вклучително и насилната промена на името е со цел задржување на власт и пљачкосување на државата преку криминални тендери.

Државниот апарат 2 години е нефункционален, наместо реформи и проекти, власта се насочи кон распродажба на државните и национални интереси.

Образованието е во хаос, здравството на колена, земјоделието во очај. Буквално црнила на секое поле.

Црнилата кои ги донесоа во секојдневието не можат да ги избришат со распродажбата на името.

Зоран Заев е човекот кој ќе остане запаметен како политичарот кој ја продал Македонија.

Зоран Заев не работи за граѓаните и државата, туку за своите лични и бизнис интереси. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Црнилата не смеат да бидат наше секојдневие. Зората мора да изгрее за Македонија“, се наведува во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток