Македонија

СДСМ: Мицкоски и Бачев работат против државните интереси, Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ

Откако се сведе на портпарол на Јанко Бачев, антизападниот пион Христијан Мицкоски, јавно призна дека ќе стори се Македонија да не влезе во ЕУ и НАТО, велат од СДСМ.

„Занесени во спроведувањето на антизападните и антидржавни наредби од нивниот шеф, кукавицата-бегалец Никола Груевски, Мицкоски и Бачев заборавија колку граѓаните и Македонија се поголеми од нив.

Граѓаните се поголеми од нивната омраза, од нивната желба за поделби, од нивните црнила.

Македонија е поголема од антизападните маргиналци Мицкоски, Бачев и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа Никола Груевски многу добро го знае.

Граѓаните ги поразија деструктивните политики на Мицкоски и Груевски, го поразија режимот. Граѓаните не сакаат да се вратат во темното минато туку одбраа светла иднина во ЕУ и НАТО.

Македонија и граѓаните нема да дозволат да бидат блокирани, заглавени. Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО колку и тоа да не му се допаѓа на портпаролот Мицкоски“, се вели во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток