Наташа Беквалац проговори за насилството: „Не можев, врескав“
Пејачката Наташа Беквалац отсекогаш отворено покажувала колку и е важно семејството, а сега со емотивна објава на Инстаграм испрати многу силна порака и апелира до сите луѓе да не молчат.
Таа беше длабоко трогната од темата за семејно насилство, па неодамна објави фотографии со семејството и испрати силна порака коментирајќи го насилството:
“Многу сум потресена овие денови. Ги гушкам и бакнувам своите деца повеќе од кога било. Не можев да го гледам видеото за злоупотреба на деца, по неколку секунди повратив. Не можев да го гледам целото видео од девојчето тепана на тениско игралиште, врескав. Денеска сум кај мајка ми и татко ми со деца, сфатив дека одамна ги немам видено и секогаш имам нешто како приоритет… а ништо поважно од семејството. Некако после се што видов деновиве почувствував потреба да си одам дома. Кај мајка ми и татко ми во Нови Сад. Ве молам пријавите. Ве молам немојте да молчите. Ве молам не дозволувајте да се случи тоа пред вас, а тоа да не е ваш проблем. Никој не е слободен, ако сите не сме слободни… и никој не е заштитен, ако сите не сме заштитени. Ретко објавувам слики од мама и тато, затоа што не сакаат. Сега објавувам, затоа што јас сакам. Мамо и тато, Кико и Гага, ве сакам“, напиша пејачката под објавените фотографии.
View this post on Instagram