Магазин

Милан Мариќ: „Секое раскинување е тешко“

Актерот Милан Мариќ беше поврзуван со ќерката на Драган Бјелогрлиќ, но тој остана доследен на ставот да не го коментира неговиот љубовен статус. Сепак, во интервју за српските медиуми проговори за понежниот пол, раскинувањето и врските, но и како се гледа себеси за 10 години со семејството и децата.

„Тој момент сигурно ќе дојде, а кога, ќе видиме. Забележав дека во последно време ми ги нудат само улогите на татковци со деца, што го толкувам како некаква симболична порака: „Ајде, ајде, ваше време е“, изјави актерот за Глорија, а потоа откри што прво забележува кај припадничките на понежниот пол и какви дами сигурно ќе го соборат од нозе.

„Се гледа во очите, па убавите очи ме исфрлаат од рамнотежа. Ми се допаѓаат силни, самоуверени жени со став, кои се подготвени да се изборат за себе“, нагласува актерот, кој потоа и призна на новинарката на Хрватско издание на магазинот дека тој бил оставен.

Не бил само тој оној кој ги прекинувал врските.

– Да. Ми прекинувале и сум прекинувал, се е тоа за луѓе. Секое раскинување е тешко, затоа што означува прекинување на односот во кој што сме вложиле енергија, време и голем дел од себе, но во исто време олеснува и ослободува кога врската ќе се претвори во агонија“, заклучи тој.

На почеток