Коментари

(ВИДЕО) Ќосето за изјавата на Мицкоски за Груевски: Ј*бете се, како не ти е срам!

„Оној кој што е бегалец од правдата, треба да се соочи со правдата, тука да немате дилема. Потерницата си е потерница, ако мислите дека ние ќе ја бришеме таа потерница за лица кои што се осудени кои што имаат правосилна пресуда, мислам дека кај господинот Груевски нема се уште таква пресуда. Секој оној кој што си е правосилно осуден треба да си одговара“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за А1 он.

На ова реагираше Горан Ангелов кој е осуден на 12 години затворска казна за случувањата во Собранието на 27 април .

„Ова е и значи и за 27 Април ,пошто сме правосилно осудени треба да си лежиме за “ТЕРОРИЗАМ”‼️

Абе ЈЕБ*ТЕСЕ ,како не ти е срам“, вели Ангелов.

Потоа тој на Фејсбук објави нов статус.

„За кои пресуди зборуваш?! Оние од Кацарска и Русковска, нели беа “Кацарска судство ‘ или сега ти се арни!?“, напиша Ангелов.

На почеток